1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран им го враќа на САД беспилотното летало – како играчка

За Техеран тоа беше голем настан, а за Вашингтон голем срам. Беспилотното летало за строго доверливи мисии, во голема мерка неоштетено, падна на почетокот од декември во ирачки раце.

default

Иран се подигрува со Американците

Иранската војска, според нејзини наводи, успеала леталото да го намами преку истокот на земјата со манипулација на сателитските ЏиПиЕс податоци и да го собори од небото. Иран сака на свој начин да одговори на американското барање за враќање на леталото.

„Сакаме да го добиеме назад. Да видиме што ќе одговорат Иранците“, рече Барак Обама во средината на декември. Со тоа американскиот претседател го потврди она што неговите војници сакаа да го прикријат преку заглушувачка тишина – губитокот на беспилотното летало.

Обама да си го земе леталото во розова боја

US Drohne MQ-1 Predator

Американско беспилотно летало МQ Предатор

„Не сакаме да ја одбиеме желбата на господинот Обама, па така претседателот ќе го добие леталото назад, како играчка. Неговото летало го направивме розово, бидејќи тоа сигурно е неговата омилена боја. Ќе му дозволиме да си го земе преку швајцарската амбасада на почетокот од февруари“, рече производителот на играчки Сејед Саид Хасан-Пур.

Неговата ирнаска фирма го направи леталото во размер 1 спрема 80 и го дистрибуира за 4 евра по парче.

„Со тоа сакаме да покажеме дека можеме да се справиме со оваа тема на мирен и пријателски начин. Оној кој ќе го стави леталото во рацете на децата, ќе им овозможи да водат ’мека’ војна против господинот Обама и САД. Поради тоа го произведовме ова летало“, вели Сејд Саид Хасан-Пур.

Иранската играчка има амбиција да и’ го земе местото на Барби

Barbie Mattel Teheran

Барбика мора да се отстрани од полиците во иранските продавници

Во светло на растечката закана со војна ова поверојатно е дубиозен потег. Со тоа конфликтот со САД се префрла во иранските продавници со играчки.

Таму од пред две недели исто така беснее битка и за Барби. Русокосата кукла е прогонувана, протерувана и забранета од иранските полицајци за заштита на моралот. Производителот на играчки Хасан-Пур има разбирање за тоа.

„Куклата Барби претставува симбол на САД. Таму е произведена куклата, а нашето летало е произведено во Иран. Со божја волја нашето летало ќе стане толку познато во САД, колку што овде е американската Барби. Според моето мислење, беспилотното летало има да го замени ова ѓубре – Барбиката“, смета Хасан-Пур.

Барби би можела да биде тргната од иранските полици што е можно поскоро, бидејќи моментално повторно е забранета. Таа и нејзиното момче Кент веќе надминаа неколку прогонувања. Иако моделот на беспилотното летало се чини дека нема да предизвика големо внимание.

Автор: Рајнхард Баумгартен / Александар Методијев

Редактор: Жана Ацеска