1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран има единствена шанса!

Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи се надева дека до крајот на годинава ќе се постигне договор со Техеран околу актуелниот конфликт, зашто ваквата прилика тешко дека ќе се повтори

default

По 12 години на чело на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи си заминува од функцијата

„Верувам дека топката сега е во рацете на Иран. И дека нема да ја пропушти оваа единствена шанса која може брзо да одлета“. Изјави генералниот директот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи во Берлин осврнувајќи се на актуелните случувања во релациите со Иран, по последниот предлог до Техеран за кој Ел Барадеи е оптимист дека може да се финализира во наредниве недели.

Од конфронтација - во доверба

„Нуклеарниот план за горивото според мене е прва можност од почетокот на конфликтот со Иран да има поместување од конфронтација - во соработка. Иран побара помош за збогатувањето на горивото за нивниот истражувачки реактор, што се користи за медицински изотопи за дијагностицирање на рак. Согласност за ова е добиена од САД и Русија и Франција, вели Ел Барадеи, објаснувајќи дека ова е единствена прилика да се направи поместување од санкции и конфронтација во процес на градење доверба. По средбата во Виена, планот бил уранот произведен во Иран, да се збогатува во Русија, преработува во Франција и да се враќа назад во Иран. Предлогот е единствен зашто ги отвора вратите на соработка меѓу спротивставените страни и за првпат американскиот претседател Обама изразил подготвеност за копромис. Но, Иран и натаму се сомнева, па Ел Барадеи предложил земја посредник да биде Турција.

Atomsymbol vor iranischer Flagge

Мудри санкции“

Во моментов се чека одговорот од Техеран. Дали доколку предлогот се отфрли ќе следат санкции, Ел Барадеи коментира дека не ги сака санкциите. Но, доколку мора да ги има, тогаш е за таканаречени „мудри санкции“ кои ќе го погодат режимот, а не населението. Тој бил сведок на санкциите кон Ирак. Вели дека биле страотни зашто во име на човековите права страдаше населението. Затоа сега сите актери треба да погледнат кон поврзаноста и влијанието на развојот и безбедноста и да направат напор и тој дел од светот да се сприклучи кон останатиот и да зачекори нанапред.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Жана Ацеска