1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Иран – заложници од Финска

*

Тројца Финци кои беа заробени од иранската крајбрежна стража се пуштени на слобода. Ова го соопшти финскиот министер за надворешни работи Илка Канерва во Хелсинки. Тројцата бизнисмени беа уапсени додека биле на риболов во близината на спорниот остров Абу Муса во Персискиот залив. Кон крајот на 2005-та во истиот регион беа уапсени и еден Германец и неговиот пријател од Франција. Тие беа осудени на 18 месеци затвор поради нелегално минување на границата и беа пуштени на слобода дури пролетва.