1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран е неколку години далеку од атомска бомба

Меѓународната заедница има сеуште време за дипломатија со Иран,според проценките на Агенцијата за атомска енергија,на Техеран му требаат најмалку уште четири до шест години за да изгради атомска бомба.

default

Колку се вознемирувачки вестите кои овие денови стигнуваат од Иран за Меѓународната егнција за атомска енергија?Колку е Иран далеку од атомска бомба?Во екслузивно интервју за Дојче Веле портпаролката на Агенцијата Мелиса Флеминг со оптимистички прогнози:

-Ние сме присутни во Иран како и порано,нашите инспектори се во Натан.Ќе набљудуваме до каде стигнале таму и наскоро ќе поднесеме извештај.Но,остануваме на тоа,ако Иран се одлучи за атомска бомба,не се само наши мислења,туку така смета и ЦИА,и многу други земји,ќе му требаат две до четири,четири до шест години додека да ја направи,значи има доволно време за преговори,вели Флеминг.

Досега експертите,вклучувајќи ги и оние од Агенцијата за атомска енергија секогаш зборуваа за илјада центрифуги кои се во погон во Иран,а сега Техеран тврди дека ги има 3 илјади.На оваа забелешка Флеминг со резерва:

-Мора многу брзо да работеле.

Портпаролката на Меѓународната агенција за атомска енергија на прашањето дали Иран има право како суверена држава на облагородување ураниум вели:

-Иран има право,но она што Иран не го направи е да даде објаснување за се што има во неговата поранешна атомска програма.Ја купи во странство,на нелегалниот пазар,вршеше експерименти,е се додека не се разјасни се,постои недовреба.Од Техеран бараме да биде транспарентен,да ги отвори вратите.Ако нема што да крие,тогаш зошто не ни дозволува да провериме,вели Мелиса Флеминг во интревјуто за Дојче Веле.

Германското претседателство со ЕУ пак изрази загриженост од најавите на Техеран за нова фаза во атомската технологија.Гернот Ерлер,државен секретар во Министерството за надворешни работи:

-На владата во Иран,мора да и биде јасно,дека ова е пат кон изолација,а сметката ќе ја плати иранскиот народ.А ќе расте и еднодушноста на меѓународната заедница,вклучувајќи ги и блиските партнери на Иран.