1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран го потврдува својот став

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вчера уште еднаш потврди дека неговата земја ќе се придржува до својот став околу спорното збогатување ураниум. Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс со оглед на безкомпромисното однесување на Иран побара од Советот за безбендост да делува. Меѓународната агенција за атомска енергија денеска попладне треба да го приложи извештајот за ато

Махмуд Ахмадинеџад

Махмуд Ахмадинеџад

�ската програма на Иран.

„Иран треба да ги запре сите активности кои се поврзани со збогатување ураниум.“ - ова на крајот на март едногласно го побаа Советот за безбендост, во необврзувачката така наречена „Изјава на претседателот“ . Но режимот во Техеран ниту една секунда не размислуваше за тоа да го исполни ова барање. Напроотив, две недели подоцна Иран се прогласи формално за атомска сила: За првпат во претходно запечатените постројки во Натанс се збогати ураниум, за прво време во мали количини.

И наместо да се намали бројот на 164те центрифуги и тие да се уништат, Иран сака да го зголеми бројот на центрифугите на 3.000 – тоа сеуште не е вистинска индустриска продукција, но би било доволно во рок од една година да се произведе доволно материјал за една мала бомба. САД затоа бараат, Советот за безбедност мора сега да го осуди Иран. Но иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад реторички се вооружува против секоја идна резолуција.

„Само ако одлуките на меѓународните гремиуми соодветствуваат на граѓанските права, и само ако се прифатат нашите легитимни барања тогаш ќе покажеме респект пред таквите одлуки.“

Меѓународното право на секоја држава и дозволува збогатување на ураниум, се додека процесот е набљудуван од меѓународните инпсектори. Иран досега дозволуваше набљудување на порстојките но се закани дека ќе ги исфрли инспекторите доколку се воведат санкции. Од страна на Советото за бзебдност не се очекуваат санкци – вето силите Русија и Кина се оградуваат. Америка затоа размислува за таканаречена „ коалиција на согласни“. Духовниот водач на Иран Ајатололахот Хамнеи ги предупредува САД „Ние сме оној тип луѓе, кои на еден удар одговараат со двојна цврстина.“

„Господ е голем, Хамнеи е водачот, долу Америка“ – тешки зборовите од Техеран. Но сепак и режимот во Техеран не е едногласен. Во институциите се води спор околу прашањето, дали за првпат по револуцијата треба директно да се преговара со САД. Мислењето е поделено и меѓу граѓаните.