1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран го обвинува Сименс за саботажа

Ирански пратеник го обвинува минхенскот технолошки концерн Сименс дека сакал да ги уништи иранските атомски постројки со мини-експлозиви. Сименс ги негира обвинувањата.

default

Ирански пратеник го обвини концернот Сименс дека ги саботира атомските постројки во Иран. Наводно во фабрика на Сименс биле вградувани мини-експлозиви во делови наменети за иранските атомски постројки. Овие експлозиви требало да експлодираат по вградувањето и да ја уништат постројката, тврди пратеникот Алаедин Борудшерди. Ирански експерти ги откриле скриените експлозиви и со тоа „го спречија заговорот на нашите непријатели“, вели Борудшерди.

Deutschland Wirtschaft Siemens Logo und Wolken

Сименс ги негира обвинувањата

Сименс ги негира ваквите обвинувања. Концернот не прави зделки поврзани со иранската атомска програма, вели портпаролот на Сименс, Александер Маховец. Сименс учествуваше во изградба на една атомска постројка во Иран во 1970-тите, но соработката е прекината со соборувањето на шахот во 1979 година.

Иран досега повеќепати изразуваше сомневање дека европски концерни му продавале на Иран апарати со грешки за да ја саботираат иранскатта атомска програма. Шефот на иранската атомска програма Фереидун Абаси пред десетина дена ги обвини меѓународните атомски власти за саботажа. Како пример тој го наведе инцидентот што се случил во подземната атомска постројка Фордо, при што во август експлодирале кабли за струја. Целта на нападот, според Иран, била да се уништат центрифугите за облагородување ураниум.

Меѓународните атомски власти и Западот го сомничат Иран дека работи на создавање атомско оружје, што од страна на Техеран се демантира.