1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Иран го обвинува САД за дестабилизација на Ирак

*

Четворица американски војници денеска загинале во Ирак, а уште четворица се ранети во експлозија јужно од Багдад. Војската ја потврди веста. Во меѓувреме Иран го обвини САД за нестабилноста во Ирак. Портпарол на иранското министерство за надворешни Мохамад Али Хосеини изјави дека Теран ја поддржува владата во Ирак и сака таму да владее стабилност, но дека погрешната американска политика води само кон поголема дестабилизција на нивниот сосед. И врховниот духовен ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи го обвини САД дека се поттикнувачи на тероризам во регионот, а тој факт се обидуваат да го прикријат обвинувајќи други држави. Изјавите се одговор на говорот на американскиот претседател Буш, дека Иран не играл конструктивна улога во Ирак.