1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран - „Главен финансиер на тероризмот“

САД во офанзива против Иран, со предупредување да се продолжи со борбата против тероризмот.

Кондолиза Рајс, шеф на американската дипломатија

Кондолиза Рајс, шеф на американската дипломатија

Во рамките на кратка турнеја на американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс во Чиле, Индонезија и Австралија, при посетата на индонезискиот главен град Џакарта, таа ја истакна важноста на борбата против троризмот во Југоисточна Азија

„Мора да продолжиме со борбата против тероризмот во Југоисточна Азија. Во изминатите неколку години, ја видовме заканата од насилниот тероризам, кој теророр го користи како оружје.“

Американската министерка Рајс, во рамките на нејзината посета на Австралија пак, Иран го означи како „главен финасиер на тероризмот“. Владата во Техеран го излажа светот за своите нуклератни активности и делува спротивно на обврските од договорот за неширење на атомско оружје, рече Кондолиз Рајс.

Американската шефица на дипломатијата изрази и надеж дека Советот за безбедност на ОН ќе најде начин, да ја врати владата во Техеран на преговарачка маса.

САД очигледно го заострува тонот во атомскиот спор со Иран. Покрај шефицата на дипломатијата Рајс, американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон заканата од иранската атомска програма ја спореди со трористичките напади то 11 септември.

Претходно петте постојани земји членки Советот за безбедност на ОН, дебатираа на темата како Иран да се придвижи да ја прекине својата атомска програма. САД, Велика Британија, Франција , Русија и Кина не се спогодија за заеднича изјава.