1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран ги отфрла резолуцијата за Либан и ултиматумот на ОН за атомската програма

Сегашниот текст на резолуцијата за Либан како едностран и произраелски.

Али Лариџани, главниот преговарач на Иран во атомскиот спор

Али Лариџани, главниот преговарач на Иран во атомскиот спор

Со ваквиот предлог Советот за безбедност ја проигрува веродостојноста, порача вчера во Техеран иранскиот главен преговарач во атомскиот спор, Али Лариџани. Тој во истовреме го потврди уште еднаш и одбивањето на неодамна усвоената резолуција на Советот за безбедност за атомската програма на неговата земја.

Ултимативното барање на Советот за безбедност Иран да го прекине обогатувањето ураниум до 31. овој месец ги уништи шансите што ги нудеше пакетот помош од Западните земји. Вака ги толкуваат водечките ирански весници најавите на главниот преговарач во атомскиот спор Али Лариџани дека неговата земја не само што ќе продолжи со обогатувањето ураниум, туку по потреба и ќе го прошири. Со донесената резолуција Советот за безбедност дефинитивно ја закопа довербата што беше неопходна во преговорите околу пакетот на Западните земји, рече меѓу другото Ларизани.

Од друга страна има повеќе индиции дека најновото отфрлање на барањата на Советот за безбедност на ОН има повеќе тактички карактер. Изјавите на Лариџани околу ултиматумот не отидоа подалеку од претходните реакции на официјален Техеран, кој отфрла секакви предуслови за продолжување на преговорите околу западниот пакет мерки. А истовремено портпарол на владата најави дека Иран останува при ветувањето дека ќе одговори на понудата на западните земји и тоа во договорениот термин – до 22. август.