1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран ги отфрла барањата за разговори околу нуклеарната програма

Иран ги отфрла барањата за запирање со oблагородувањето ураниум и затворање на подземната нуклеарна постројка Фордо.

Пред планираните меѓународни преговори околу иранската атомска програма, закажани за сабота, 14. април, фронтовите остануваат цврсти. Раководството во Техеран ги отрфла барањата за затворање на постројката Фордо и за запирање на облагородувањето ураниум.

Ваквите барања немаат смисол, изјави директорот на иранските атомски власти Ферејдун Абази за агенцијата Исна.

Весникот „Њујорк Тајмс“ во саботата (07.04), повикувајќи се на европски и американски дипломатски извори, напиша дека Западот има намера на Техеран да му постави цврсти услови, меѓу кои е затворање на постројката Фордо и запирање на облагородувањето ураниум на 20 проценти. Ваквата позиција одговара на ставот на Израел. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак вчера (08.04) постави слични барања.

Новата рунда разговори меѓу Иран и петте земји со право на вето во ОН - САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија, како и Германија, треба да се одржи во Истанбул.