1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран бара термин за разговори кај ЕУ и им се заканува на САД

Властите во Техеран ја замолиле Европската унија да одреди термин за обновување на разговорите за спорната иранска атомска програма. Од друга страна, Иран упати нова закана до САД.

default

Маневри на иранската воена морнарица

Портпарол на иранското министерство за надворешни работи во Техеран денеска (03.11.2012) соопшти дека Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон треба да одреди датум и место за нови преговори за спорната иранска атомска програма. Портпарол на Кетрин Ештон возврати дека Иран претходно мора да одговори на писмото за можни нови разговори за атомската програма, кое во октомври минатата година првата европска дипломатка го испрати до Иран.

Treffen EU-Außenministerrat in Brüssel Catherine Ashton

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон

Преговори без успех

Досегашните преговори на кои од една страна е Иран од друга страна е т.н. Група 5 плус 1, составена од петте земји-постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, не вродија со плод.

Меѓународната заедница, односно пред се’ западните земји, го обвинуваат Иран дека тајно работи на развој на атомско оружје. Советот за безбедност на ОН во повеќе наврати воведе санкции против исламската република.

Тензиите меѓу Иран и Западот во последниве денови повторно значително пораснаа откако Иран се закани дека во случај на воведување на натамошни санкции ќе го блокира важниот Ормуски морски теснец преку кој Персискиот залив е поврзан со светските мориња. Оваа морска сообраќајница е од централно значење за извозот на нафта од земјите од регионот на Персискиот залив.

Иран: Странски сили не се потребни во Персискиот залив

Kriegsvorbereitungen im Gol

Американски носач на авиони

Денеска највисокиот ирански воен претставник долеа дополнително масло на огнот. Главниот командант на иранските сили Атаолах Салехи побара американски носач на авиони кој сега се наоѓа на Блискиот исток, да не се враќа во својата база во Персискиот залив.

„Советуваме и инсистираме на тоа, тој воен брод да не се враќа во својата база во Заливот. Нема да го повторуваме ова предупредување“, рече Салехи.

Техеран предупредувањето го упати еден ден откако воената морнарица ги заврши 10-дневните воени вежби во Персискиот Залив и тестираше три проектили за потопување воени бродови.

Американскиот воен брод на кој се однесува предупредувањето на Иран, минатата недела мина низ Ормускиот теснец кон Оманскиот залив и низ зоната во која иранската морнарица изведуваше вежби. САД соопштија дека тоа е „рутинска“ пловидба.

Автор: Симе Недевски/ ЕМФ/ ртр/ афп/ дпа/ миа

Редактор: Александра Трајковска