Иран – апсење | Вести | DW | 03.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Иран – апсење

Во Иран е уапсен поранешниот преговарач во атомскиот спор и поранешен амбасадор во Германија, Хосеин Мусавиан поради наводна размена на информации со странци. Мусавиан е во затвор затоа што имал контакти со странци на кои најверојатно им давал информации за атомски прашања, јави иранската агенција Фарс. На Мусавиан му се заканува обвинение поради шпионажа. Мусавиан, за време на реформски-ориентираниот ирански претседател, Мохамед Катами, беше еден од главните преговарачи за атомската програма на неговата земја, но по доаѓањето на власт на конзервативниот претседател, Махмуд Ахмадинеџад, ја загуби функцијата.