1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Иран – апсење британски војници

Дипломатска криза меѓу Иран и Велика Британија, предизвикана од апсењето на 15-мина британски војници во Персискиот залив се заострува. Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека станува збор за сомнително дело, кое значи прекршување на меѓународното право. Официјален Лондон бара ослободување на војници, кои од страна на Техеран се обвинети дека навлегле недозволено во ирански територијални води. Инцидентот се случил по една рутинска контрола на трговски брод на север од Персискиот залив. Таму границата меѓу Ирак и Иран важи како спорна.