1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ирански весник објави конкурс за карикатури на тема Холокауст

Разгневени Муслимани поради објавувањето на карикатурите на Мухамед во европските весници, ја каменуваа данската амбасада во Техеран.

Демолираната амбасада на Данска во Техеран

Демолираната амбасада на Данска во Техеран

Жестоките приотести ги поттикна и иранскиот духовен водач Ајатолах Али Камнеи, кој застана зад претседателот Ахмадинеџад во атомскиот спор и го поддржа во радикалните изјави за Холокаустот.

Во меѓувреме, еден ирански весник смисли оригинален начин за да им возврати на европските весници- објави конкурс за најдобра карикатура за Холокаустот.

Со конкурсот ќе се стават на проба европските сфаќања за слободата на печатот, смета уредничкиот тим на најтиражниот ирански весник ,, Хамсахри“. ,, Сериозно прашање за муслиманите е дали западната слобода дозволува да се зборува за прашањата како што се злосторствата на САД и Израел или за инцидентот каков што е Холокаустот, или пак таа слобода на говорот е добра само за навредување на светите религиски вредности“ наведува иранскиот весник. Со конкурсот е дадено објаснување дека тој претставува апел до уметниците од целиот свет за користење на слободата на изразување да испратат карикатури на тема Холокауст.

Првонаградениот ќе добие два златника во вредност од 120 евра, а весникот планира да објави 12 најдобри карикатури, исто онолку колку што објавија европските весници. На нив пророкот Мухамед беше прикажан како терорист, со бомба наместо турбан на главата.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад претходно, предиѕвика остри реакции во меѓународната заедница со изјавите дека Холокаустот е мит и дека Израел треба да се избрише од географските карти. Зад неговите изјави застана и иранскиот духовен водач Ајатолах Али Камнеи, и со тоа ги поведе бројните верници во цврста одбрана на Иранските ставови, не само околу карикатурите на Мухамед, туку и за холокаустот и иранската атомската програма. Иран вчера објави дека ги прекинува трговските врски со Данска, а протестантите го демолираа дипломатското претствништво на таа земја во Техеран.