1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иранскиот Ајатолах против разговори со САД

Духовниот водач на Иран, Ајатолахот Али Хаменеи одбива директни преговори со САД околу атомскиот спор. Известувањето беше објавено на неговата интернет страница.

Според информации на новинската агенција Мер, Ајатолахот, кој во Исламската република го има последниот збор за сите политички активности, изјавил дека со оглед на тоа што политиката на САД на Блискиот Исток пропаднала, сега Вашингтон сака преговори со Иран „за да изелзат од дилемата“. Иранскиот народ „нема да дозволи да биде поколебан“ од вакви понуди.

Изминатите денови иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и неговиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи најавија внимателно подготвеност за директни преговори со САД околу спорната атомска програма. Американскиот вицепретседател Џо Бајден истовремено стави до знаење, дека САД не би можеле да прифатат Иран да поседува нуклеарно оружје.

Западот го обвинува Иран дека тајно работи на развој на атомско оружје. Советот за безбедност на ОН, САД и ЕУ повеќепати досега поради ова воведоа санкции против Иран.

Техеран тврди дека неговата атомска програма служи исклучиво за цивилни цели. Иран меѓутоа не дозволува атомските активности да бидат надгледувани од инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енегергија, што е вообичаена постапка.

Независно од иницијативата на Бајден петте посотојани земји членки на Советот за безбедност на ОН и Германија на 26. февруари сакаат да водат разговори со Иран околу атомската програма. Поранешните рунди во овој формат не донесоа напредок.

АТ/ дпа/ ап/ ртре