1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Иранскиот амбасадор во Лондон бара гест на добра волја

Иранскиот амбасадор во Лондон, ја повика од Велика Британија, по ослободувањето на 15те британски маринци да покаже гест на добра волја. Амбасадорот Расул Мовахедиан за Фајненшл тајмс рече дека Иран ја покажал совојата добронаклонетост. Сега би требало и владата во Лондон да постапува на позитивен начин. Амбасадорот сигнаилизираше дека неговата земја си посакува помош на Лондон во напорите за ослободување на пет Иранци во Ирак. Американските војници ги уапсија Иранците на почетокот на јануари поради сомневање дека подржувале бунтовници. Британскиот премиер Тони Блер по ослободувањето на војниците увери дека нема да има противуслога.