1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иранската опозиција во сенка

Денеска во Иран се бира нов состав на парламентот. Изборите се оддржуваат во знакот на борба за превласт меѓу духовниот водач Ајатолахот Хаменеи и претседателот Ахмадинеџад. Таборот на реформистите не игра улога.

По спорните претседателски избори во 2009 година во Иран, масовните протести и нивното брутално задушување се промени политичкката слика во земјата. „На повеќето парламентарни избори имаше барем борба за конкурентност меѓу различни табори. На сегашните избори од трка се исклучени голем број политички сили, а некои од нив се во затвор“, оценува Реза Алиџани, ирански реформист кој живее во егзил.

Mussawi

Еден од водачите на опозицијата Хосеин Мусави е во домашен притвор

Двајцата водачи на опозицијата Сејед Хосеин Мусави и Мехди Каруби подолго време се во домашен притвор. Многу критички настроени реформисти се уапсени или се во егзил. Оние кои останаа речиси и да немаат удел во политичките случувања. Нивното учество на изборите го поврзуваа со услови: да биде укинат домашниот притвор за водачите на опозицијата, ослободување на политичките затвореници, формирање на отворена атмосфера за медиумите и партиите, и пред се’ гаранција дека изборите ќе поминат без манипулации и слободно. Со тоа што изостана исполнувањето на условите, реформистите во голема мерка се откажаа да постават свои кандидати. Тие најавија дека нема да поддржат ниеден кандидат од другите табори. Најава која всушност значи бојкот на изборите.

Изборниот бојкот од страна на реформските сили во Иран не е единствената специфика на овие избори. Кон ова се надополнува впечатливото неединство во таборот на конзервативците, имено со оглед на тоа што во изборната трка

Bildergalerie Iran KW9 /12 Wahlen

Колку граѓани ќе илезат на избори?

недостасува нивниот главен конкурент, реформисите, меѓу конзервативците се формираа струења поделени во две големи групации, на Ајатолахот Хаменеи и на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

Првото интересно прашање во новиот парламент ќе биде, дали приврзаниците на поранешниот претседател Мохамед Хатами ќе успеат да отвора процес против Ахмадинеџад за симнување од власта, како што повеќепати се заканија.

Власта бара големо учество на изборите

Со оглед на тоа што политичкиот противник во изборната кампања не играше никаква улога, властодржците сега ќе се обидат да постигнат што е можно поголемо учество на изборите. Со тоа би го засилиле својот легитимитет во земјата, но и во странство со оглед на зголемените санкции поради сомневањата околу иранската атомска програма.

На една манифестација пред две недели Ајатолахот Хаменеи предупреди од „вообичаените марионети во светот на медиумите, кои населението го одвлекуваат од изборите“ „Присуството на населението на изборите може да ја однесе земјата напред, да ја штити од непријателите и нив да ги принуди да се повлечат“.

Реформистите напротив го повикаа населението да остане дома. Мехди Касали, еден од познантите претставници на таборот на реформистите, кратко пред неговото апсење во јануари за ДВ изјави: „На 2 март ќе го доживееме Техеран како град на духови“.

Во однос на можностите за манипулација политичарот од редовите на реформистите кој живее во егзил Реза Алиџани подвлекува: „Дури и кандидатите од религиозно- конзервативниот табор се сомневаат дека изборите ќе протечат регуларно. Овие сомнежи се изразуваат и покрај тоа што се вршат репресалии и постои цензура. Тоа обелоденува дека изборите се се’ друго, но не и фер и слободни и дека резултатот не би бил прифатен ниту од страна на иранското општество, ниту на меѓународно ниво. “

Автор: Ахади Шахрам/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски