1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак ќе се справува со ПКК

*

Ирачката влада најави преземање мерки против курдските бунтовници во Северен Ирак,против кои Турција се заканува со прекугранична воена акција.Неговата влада ќе преземе се за да ги спречи терористичките активности на курдската работничка партија ПКК,увери премиерот Нури ал Малики.Истовремено тој нареди затворање на сите бироа на партијата во Ирак.Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан при посетата на Лондон изјави дека акцијата на турската армија во северен Ирак е можна во секој момент.

Анкара разгледува и можност за санкции против Ирак, ако и натаму ги толерира курдските бунтовници.