1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ирак – три години од почетокот на војната

Се‘ поголем број американски граѓани се сомневаат дека прокламираните цели за Ирак воопшто можат да се остварат.

Припадник на милицијата на верскиот лидер Муктада ел Садр

Припадник на милицијата на верскиот лидер Муктада ел Садр

Според најновата анкета на јавното мнение што ја спроведе американската ТВ станица СиБиЕс, само уште 15% од граѓаните на САД веруваат дека воената авантура на Бушовата администрациуја во Ирак може да заврши со успех. Во ова малцинство спаѓа меѓутоа и Претседателот Џорџ Буш, кој неодамна изјави:

„За помалку од три години Ирачаните се ослободени од животот под диктаторската чизма на Садам Хусеин, станаа суверени, спроведоа слободни избори и донесоа устав.„

Не е никакво чудо што со ваквиот став и драстично поинаквата реалност во Ирак популарноста на актуелниот американски претседател се наоѓа во нок-даун и изнесува само уште 40%. Не е ни чудо што е така, бидејќи Буш се профилираше како Претседател на една нација што се наоѓа во војна и секако дека неговата успешност се мери пред се‘ со воениот аршин. Во јавноста во меѓувреме се разгоре дебата дали во Ирак може да избие граѓанска војна и со тоа да им ги расипе потполно плановите на Американците. Во дискусијата мораа да се вклучат и највисоки претставници на Пентагон:

„Далеку сме од граѓанска војна. Се уште имаме влада, се уште имаме лојални воени сили, се уште имаме сили на безбедбност во смисол на полиција„ – оцени шефот на американската команда за Ирак, генералот Џон Абизејд.