1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ирак - ситуацијата не се смирува, исчезнатите Германци веројатно се мртви

Фалуџа е средиште на борбите

Фалуџа е средиште на борбите

Исчезнатите двајца припадници на службата за обезбедување на германската амбасада во Багдад веројатно не го преживеале нападот кај Фалуџа на конвојот со возила кои биле на пат од Аман кон Багдад. Тоа го вели еден Јорданец, сведок на настаните. Сведокот – возач по враќањето во јорданскиот главен град Аман, како што пренесува агенцијата Франс прес, рекол дека џипот во кој се наоѓале исчезнатите Германци бил директно погоден од ракета. Тој искажал голем песимизам и неверување дека двајцата Германци преживеале.

Во Ирак, инаку, продолжуваат борбите меѓу окупационите сили предводени од САД и востаниците. Во предградието на Багдад Адамија, населено со сунити, вооружени младиници ги напаѓаат американските војници. За престрелки повторно се јавува и од сунитското упориште Фалуџа. Досега нема одговор на американскиот предлог за прекин на огнот во тој град. Делегација на ирачкиот преоден владин совет таму започна преговори со востаниците окоу примирје, но и за израчување на одговорните за убиството на 4-ца припадници на американските сили за безбедност од пред 10 денови, чии изгорени трупови беа влечени по улиците. Советот денеска повика на прекин на огнот и на изнаоѓање политичко решение во сите делови на земјата.

Една група Ирачани соопшти денеска дека заробила 30 странци и се закани дека ќе им ги отсечат главите доколку американските војници не ја прекинат блокадата на Фалуџа. Според изјавата на маскиран маж со “калашников” во раката, прикажана на телевизијата Ал Арабија од Дубаи, групата држела во заложништво Јапонци, Бугари, Израелци, Американци, Шпанци и Јужнокорејци. На снимката, меѓутоа, не е прикажан ниеден од нив.

Во меѓувреме американскиот претседател Џорџ Буш во редовното обраќање до нацијата рече дека коалиционите сили ќе ја продолжат офанзивата “се’ додека не се пресметаат со непријателите на ирачката демократија”. Според него, американските маринци ја преземаат контролата во Фалуџа.

Во борбите во Бакуба, северно од Багдад, наводно се убиени најмалку 40 Ирачани. 12 бунтовници, според соопштението на американската армија, биле убиени во северниот дел на Ирак кога бил погоден камион во кој се наоѓале. Нејасно е дали станува збор за ист или за различни инциденти.