1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ирак се заканува со затворање на 44 медиуми

Ирачката органзиација за слобода на медиуми ја осуди одлуката на владата да бидат затворени 44 медиуми, вклучително и радио-станица финансирана од САД. Аналитичарите сметаат дека се затвора устата на владините критичари.

default

Државната комисија за медиуми наведе дека мерката засега само компании кои работтат без лиценци. Засега не е соопштено дали некој од медиумите принудно прекинале со работа.

Според дел од аналитичарите, премиерот Нури ал Малики се обидува да ја „затвори устата“ на политичките противници и да ја консолидира моќта на шиитската партија, која е на власт.

„Владата со тоа укажува дека кој не е со неа, е против неа“, вели Зијад Аџели, шеф на центарот за слободно новинарство. Со мерката освен ирачки, се засекганти и странски медиуми, како Би-Би-Си, Гласот на Америка и Радио Сауа, финансирано од САД. Мерката се однесува на 44 весници, радија и телевизии.

Претставник на регулаторното тело тврди дека одлуката нема никаква поврзаност со начинот на кој овие медиуми известуваат. Според него, затворањето на медиумите ќе се случи бидејќи не ја плаќале својата лиценца за работа.

Од Би-Би-Си информираа дека преговараат со ирачките власти за обнова на нивната лиценца.