1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак – САД – војници

САД ќе со испратат военото засилување во Ирак порано од најавеното. Бригада со околу 2.600 војници ќе пристигне уште на почетокот на мај, цели 45 дена порано од досегашниот план. Со тоа бројот дополнителни војници што претседателот Џорџ Буш ги најави за стабилизирање на ситуацијата во Ирак се искачува на 30.000. ВО земјата во моментов има повеќе од 142.000 американски војници.

Францускиот премиер Доминик Девилепен апелираше до САД да ги повлечат воените сили од Ирак до крајот на 2008-та. Вмешаноста во овој конфликт им ја одзема на САД можноста да влијаат позитивно за изнаоѓање мировни решенија во другите жаришта на Блискиот исток – порача Девилепен на предавањето во Харвард Универзитетот во британски Кејмбриџ.