1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ирак пред неизвесна судбина

Три години по почетокот на војната во Ирак земјата стои пред неизвесна судбина и се бори со голем број проблеми. Беграунд на Петер Филип

Американски војник во Ирак

Американски војник во Ирак

Поранешниот ирачки привремен премиер Ијад Алави, неможе да најде подобра формулација. Она што денеска се случува во Ирак, би можело да се нарече само граѓанска војна. Ако секојдневно се убиваат дузини луѓе и насилството и натаму есклаира тогаш се движиме во безизлезна ситуација и се приближуваме кон крајот на единствена ирачка држава. Шиитот Алави, активист на Баат, потоа во егзил соработник на ЦИА, а денеска водач на светски ориентирана партија, која во парламентот е застапена со 14 проценти, отсликува тмурна слика за иднината на својата земја. Тој предупредува дека Ирак стои пред распад во етнички и религиозно обоени делови, дури можеби во мали држави.

Но не се само црните прогнози, кои имаат цел, Алави да се внесе во играта како компромисен политичар, за повторно да ги спои силите кои тежнеат кон различно страни. Во игра е уште и порција реализам, имено никогаш до сега Ирак не стоел пред толку многу проблеми, како сега на третата годишнина од американскиот напад на 20 март 2003 година. По нападот врз златната џамија во февруари, Шиитите и Сунитите се борат не избирајќи средства и со слепо насилство. Меѓународните бригади од различни терористички организиации и натаму продолжуваат со својата илузија, и иако американските тупи веќе неколку денови ја спроведуваат најголемата воена акција против терористите и групите на отпор во „сунистскиот триаголник“, треба сепак да им биде јасно дека теророт неможе да го спорат со тенкови и воени хилихоптери.

Но не и со ирачките безбедносни сили, кои се речиси половина од ангажираните трупи: Колку и да се бестрашнио и покрај сите напади, младите Ирачани и натаму се пријавуваат во центрите за регрутација, тие толку се и неискусни и не се во состојба да воспостават повторен ред и мир.

На политички план исто така не е на повидок брзо решение: Многумина Ирачани се надеваа на поголема безбедност, на пример на првите никулци од демократскиот процес, но пред се од изборите во минатиот декември. Досега поминаа три месеци, а новиот парламент одржа кратка и повеќе симболична седница. Не за формирање на влада. Таа ќе чека уште недели, можеби и месеци. А населението е фрустрирано, имено тие повеќе се надеваа од изборите. Дури и на најпретпазливите Ирачани им доаѓаат тажни сеќавања за времето на Садам Хусеин. На некои им недостасува „силен водач“ незабележувајќи притоа дека тоа не соодветствува на критериумите на една демократија. Тие незнаат од каде да дојде новиот човек, но стариот водач во секој случај не доаѓа в предвид. Тој го одолговлекува неговиот процес, колку долго ќе трае не знае никој, но сите знаат дека нема да помогне за надминување на моменталната мизерија во Ирак.

До тоа нема да дојде дури и ако се повлечат Американците, во спротивно земјата би подпаднала во поголем хаос, бидејќи и Шиитите и Сунитите и Курдите тежнеат за исполнување на своите интереси.

Три години откако американската армија вмаршира во Ирак, земјата има проблеми како никогаш до сега, а тмурната слика за иднината на Ијад Алави не е само оцрнување.