1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ирак по погребот на Садам

По погребувањето на Садам Хусеин илјадници негови приврзеници во Ирак го бараат неговиот гроб.Во меѓувреме американските авиони ја бомбардираа централата на една опозициона партија во Багдад.Но,изостана поголем бран насилство од кој се стравуваше

Гробот на екс диктаторот

Гробот на екс диктаторот

Бомбардирањето во Багдад за последица имаше шест мртви,известува арапската телевизија.Цел на нападотна американсиките борбени авиони била куќа во која била сместена централата на Националниот фронт за дијалог,главното биро на опозициона партија,во која претежно се сунитски Арапи.

Американската армија соопшти соопшти дека во новогодишното утро при рација разменила жесток оган со неколкумина терористи,и тие биле во куќа која припаѓа на истата партија,која е застапена и во Парламентот.Нејзиниот шеф ал Мутлак повика привремено да не се соработува со владата или со американските власти.

За сунитското малцинство во Ирак погубувањето на Садам Хусеин беше провокација,затоа што беше изведено на почетокот на религиозниот празник.За многумина Шиити,кои страдаа под власта на Хусеин,тоа беше вовед во празникот,но за сунитските Арапи не.

Тие укажуваат на тоа дека Курбан Бајрам претставува мир,затоа нивните собири низ Ирак можат да се разберат.Неговото бесење тие го сваќаат како одмазда кон нив и тоа во време на свет празник.

Симпатизерите на Садам Хуасеин на Нова година и на првите денови одржуваат протестни маршеви во неговиот роден град Тикрит.Таму поставуваа шатори и читаа извадоци од Коранот.Безбедносните сили подигаа барикади,за да го запрат налетот кон гробот на Садам .Во местото Ел Дур,во близина на Тикрит,се собраа стотици припадници на официјално распуштената партија на Садам Хусеин,БААТ партијата, за да демонстрираат.Некои носеа портрети на погубениот и го славеа како маченик.

Ирачкиот екс диктатор беше погребан утрото пред Нова година,24 часа по бесењето во родното место Авџа.Таму се погребани и синовите на Садам,Удаи и Кусаи,кои беа убиени од американските војници во 2003 година.Најпрво беше соопштено дека Садам ќе биде погребан на тајно место,за неговиот гроб да не стане собиралиште на приврзениците.Но,припадниците на семејството на Садам се зазеле да им биде предадено телото.Крајно,американскиот претседател Џорџ Буш лично издал дозвола за транспорт на телото на Хусеин со американски хелихоптер.