1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ирак по најкрвавиот ден од почетокот на војната наваму

По крвавата серија бомбашки напади во Багдад, политичкото раководство во земјата повика на претпазливост .

Меѓу загинатите и повредените во нападите во квартот Садр Сити и многу деца

Меѓу загинатите и повредените во нападите во квартот Садр Сити и многу деца

Во Багдад е воведе неограничен полициски час . а премиерот Нури Ал Малики соопшти дека е затвиорен и меѓународниот аеродром во Багдад. Вчера во кварт Садр Сити во Багдад загинаа 160 лица а уште 250 беа повредени ,откако во кратко временско растојание експлодираа шест бомби . Ирачката полиција истакна дека станува збор за најкрвавиот напад од почетокот на ирачката војна пред три и пол години.

По експлозијата на бомбите во густо населениот шиитски кварт Садр Сити во кој живеат два милиони лица, минофрлачки гранати беа истрелани и врз сунитскиот кварт Адхамија . Во овие напади според министерството за внатрешни работи биле повредениу десет лица . Во Садр сити пак некои од бомбите експлодираа на добро посетените пазари во квартот. Шиитскиот кварт кој е упориште на радикалниот верски лидер Муктада Ел Садр и на неговата милиција постојано е напаѓан пред се од страна на сунитските екстремисти.

Покрај премиерот Нури Ал малики , кој е Шиит и претседателот на Ирак, курдот Џалал Талабани како и неговиот заменик сунитот Тарик Ал Хашеми го повикаа населението на претпазливост . највлијателниот шиитски верски лидер Ајатолахот Али Ал Систани објави сличен апел.

Инаку во текот на вчерашниот ден непознати вооружени лица ја нападнаа и зградата на министерството за здравство во Багдад . Притоа доде до вооружена пресметка меѓу безбедносните сили и напаѓачите . Нема извештаи за загинати и повредени во овој инцидент . Претставник на министерството исткајја дека бунтовниците најверојатно ја нападнале зградата за да пробијат пат меѓу два кварта во градот , кои се главно населени со Шиити. Министерството за здравство е раководено од Али Ал Шумари , кој му припаѓа на двуижењето на Муктада ел Сарда .

Министерствата и претставници на властите во Ирак се честа цел на напади . На почетокот на минатат недела вооружени лица изведоа спектакуларно масовнно киднапирање на повеќе од 100 вработени во Институтот за култура , кој е дел од министесрството за високо образовани . Од тогаш наваму се ослободени 70 заложници а останатите нема никаква трага.