1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ирак повеќе не е закана за светот затоа што ние дејствувавме

Aмериканскиот претседател Џорџ Буш на две годишнината од почетокот на војната во Ирак ја бранеше својата олука да изврши инвазија во земјата со цел да го симне од власт режимот на Садам Хусеин . Во радио обраќањето до нацијата Буш зборуваше за знаци на надеж на Блискиот Исток кои се појавија благодарејќи на демократизацијата на Ирак

default

„ Сега , бидејќи ние дејствувавме , ирачката Влада повеќе не преставува закана за светот и за своите луѓе“ –поентираше американскиот претседател во редовното радио обраќање до нацијата кое овојпат коинцидираше со две годишнината од почетокот на инвазијата на американските и британските сили врз Ирак . Буш истакна дека војната против Садам Хусеин беше значаен настан во историјата на слободата .

„на овој ден пред две години ја започнавме операцијата Слобода за Ирак за да го разоружаме бруталниот режим , да ги ослободиме луѓето на Ирак и да го одбраниме светот од голема опасност “ –истакна Буш кој им се заблагодари на повеќе од 1500 американски војници кои беа убиени во Ирак и им вети на Американците дека останатите војници кои се ангажирани во таа земја ќе се вратат дома :

„На крајот Ирачаните мора да бидат оспособени да ја бранат сопствената земја , и ние ќе и помогнеме на оваа горда нација да ја обезбеди слободата “ –истакна американскиот претседател според кого војната во Ирак предизвика промени на целиот блиски исток:

„ Денес гледаме знаци на надеж на целиот Блиски Исток . Победата на слободата во Ирак ги охрабри новите сојузници во борбата против тероризмот и ги иснпирира реформски настроените демократи во Бејрут и во Техеран“.

„ Сега жените во Авганистан , можат да гласаат , палестинците се на пат да излезат од долгогодишниот модел на насилство , а стотици илјади Либанци го побараа својот суверенитет и демократските права“

Џорџ Буш на крајот од обраќањето истакна дека искуството од последните години ги научило американците на една важна лекција :

„ Опстанокот на слободата во нашата земја се повеќе зависи од успехот на слободата во другите земји . Поради нашето дејствување , слободата фаќа коени во Ирак , а Американците се многу побезбедни“