1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак-одговорност за безбедноста во земјата

Ирачката влада според премиерот Нури ал Малики сака до крајот на годината да ја преземе целосната одговорност за безбедноста во земјата.Тој се наоѓа под растечки притисок на радикалните Шиити под водство на свештеникот Моктада ел Садр да направи временски план за повлекување на 146 илјади американски војници.Оваа верска група ги повлече шесте свои министри од владата.

Во Багдад денеска во експлозија на автомобил бомба загинаа најмалку десет лица.Настанот се случи во шиитски кварт.