1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак - нови атентати

Во ирачкиот град Кербела денеска животот го загубија повеќе од 40 лица, а преку 100 беа ранети при експлозија на автомобил бомба. Возилото било паркирано кај автобуска станица недалеку од гробот на Имамот Хусеин, важен светец за припадниците на шиитското мнозинско население во Ирак. Во главниот град Багдад пак во експлозија на автомобил бомба пред контролниот пункт на еден мост животот го загубија најмалку 10 лица.