1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ирак на крстосница

Ирачките трупи би требало од идниот месец да започнат со постепено преземање на целосната одговорност за безбедноста во земјата. Ова го изјавија ирачкиот премиер Нури Ал Малики и неговиот британски колега Тони Блер по средбата во Багдад. Според американскиот претседател Џорџ Буш, битката меѓу слободата и тероризмот стигна до крстосница:

Блер во Багдад

Блер во Багдад

По средбата со Блер, ирачкиот премиер Малики изјави дека кон крајот на годинава странските војници најверојатно ќе бидат потребни само уште во провинциите Багдад и Анбар. Блер на новиот ирачки премиер му искажа поддршка на патот кон демократија. Новиот кабинет Блер го означи како влада на националното едиснтво што ги надмина сите линии на поделби.

Стартот на новата ирачка влада го поздрави и американскиот претседател Џорџ Буш. Во еден говор во Чикаго, Буш се осврна и на растечката критика врз неговата политика кон Ирак. Тој рече дека САД и Ирак минаа низ три тешки години и дека претстојат се уште денови полни со предизвици и загуби:

„Прогресот што го направивме беше тешко и постепено извојуван. Имаше назадувања и грешки како во Абу Гариб, но тие беа веднаш откриени, иако тешко надминати. Сега битката меѓу слободата и тероризмот стигна до крстосница„, изјави Буш во говорот во Чикаго пред преставниците на американското стопанство.