1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ирак најпосле доби преоден Устав

Членовите на привремениот Владин Совет во Ирак , најпосле ги ставија настрана сите меѓусебни етнички и религиозни разлики и по бројни одложувања го потпишаа новиот преоден Устав на земјата . Церемонијата на потпишување на историскиот документ беше во живо пренесувана од светските медиуми . По децении живот под диктаторското владеење на Садам Хусеин , Ирак добива Устав кој ги заштитува основните слободи и права на сите негови граѓани , без разлика на верската и половата припадност.

Долгоочекуваната церемонија на потпишување на ирачкиот преоден Устав започна со читање на стихови од Куранот и со пеење патриотски песни. Претседателот на 25 члениот владејачки Совет Мохамед бахр ал Улум за време на церемонијата истакна дека усвојувањето на овој Устав, иако документот не е целосен , претставува важен историски момент за Ирак. Сите 25 членови на преодниот Совет , поставен од САД , по соборувањето на режимот на Садам Хусеин , потоа го потпишаа привремениот Устав. Актуелниот привремен министер за надворешни работи на Ирак Хошијар Зебари, истотака зборуваше за создавање на нова ирачка историја ;

"Ова е историски ден за сите Ирачани од Северот до Југот и ние сме многу горди , и покрај критиките и сомневањата дека Ирачаните се неспособни да се постигнат согласност меѓусебе. Мислам дека со по некој проблем попат , го потпишавме основниот закон, преодниот закон кој ќе ги постави темелите на новата ирачка држава."Значи ова е историски ден , за сите нас навистина . Ова е почеток , но работата сеуште не е завршена . Мислам дека уште многу тешка работа не чека , која треба да ја завршиме низ консензус. Тоа нема да биде лесно , и се надевам дека луѓето ќе имаат разбирање за тоа "-истакна Зебари.

А токму консензусот беше неопходен за да се дојде до денешниот свечен чин . Иако минатата недела преодниот Совет го усвои Уставот, потпишувањето кое беше закажано за петок беше одложено поради несогласувањата кои во последен момент ги истакнаа шиитските претставници во него. По викенд консултациите со највлијателниот верски лидер на мнозинската шиитска заедница во Ирак, Али Ал Систани , кој се противеше пред се на правото на консензус кое го добиваат малцинските Курди со преодниот Устав, разликите беа надминати.

И Курдите , на кои другите етнички заедници во Ирак им припишуваат дека работата на една сепаратистичка агенда денеска изразија задоволство:

" Нема сомнеж дека овој документ ќе го засили ирачкото единство , на начин на кој досега не сме го виделе"- истакна ееден курдски член на преодниот Ирачки Совет.

Меѓутоа дефинитивно најзадоволни од ваквиот исход се САД со оглед дека потпишувањето на новиот Устав претставува најзначаен чекор на патот , кон планираното предавање на власта во рацете на Ирачаните , на 3 јуни годинава .
Американскиот пратеник во Ирак Пол Бремер задоволно аплаудираше од позадина на денешната церемонија : " Не доби секој што сакаше со овој нов закон , но тоа е начинот на кој функционира демократијата"-истакна Бремер.