1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак – насилство

Во насилствата во Ирак вчера беа убиени повеќе од 40 луѓе. Во северно-ирачкиот град Мосул непознати лица убија 23-ца работници во една фабрика кои и припаѓале на курдска секта. Според армиски извори, најверојатно станува збор за одмазднички акт на исламисти. Пред полициска станица во Багдад двајца атентатори самоубијци за неколку минути однесоа во смрт 12 лица, а повредени беа повеќе од 80. Во експлозија на автомобил-бомба на југозапад на Багдад загинаа најмалку 7 цивили, додека бројот на повредени е 40.