1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак – насилство

Американските војници во Ирак, според проценките на нивните команданти, треба да очекуваат уште поинтензивни судири во Ирак, барем во догледно време. Американскиот генерал, Дејвид Петреус, во Вашингтон изјави дека со најновата безбедносна офанзива им се стапнува на трагата на екстремистите и во оние подрачја каде досега оперирале непречено. Тоа краткорочно носи пожестоки судири и веројатно поголем број жртви, но долгорочно ја подобрува ситуацијата. Само во април во Ирак беа убиени 87 американски војници.