1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак –напад

*

Во експлозија на автомобил бомба во Багдад според полициски извори загинале најмалку 65 луѓе,а речиси стотина се ранети.Бомбата била поставена во близина на шиитска џамија во центарот на ирачкиот главен град,при што е тешко оштетена.Шиитската златна џамија по вторпат е цел на бомбашки напад.

Американската армија инаку започна нова голема офанзива во Ирак против борците на терористичката мрежа Ал Каеда. Во акција се околу 10 илјади американски и ирачки војници, соопшти американската армија. Подрачје на акцијата е регионот околу градот Бакуба, северно од Багдад. Веќе во првите часови на операцијата биле убиени 22 бунтовника.