1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ирак меѓу теророт со бомби и кризата во владата

Пресметки, пукања и неспособна влада – ситуацијата во Ирак очигледно уште еднаш се влоши по повлекувањето на американските трупи во декември. Стравот од граѓанска војна се зголеми.

default

Во самоубиствениот напад викендов загинаа 60 луѓе

Најпрво странецот пријателски им подели колачи на мажите, жените и децата. Потоа, се разнесе во воздух. Бомбата на бомбашот самоубиец распарчи повеќе од 60 луѓе. Жртвите беа шиитски верници на патот кон џамија во јужноирачкиот град Басра.

Убиството од минатиот викенд (14.01.2012) е само еден од постојаните напади во минатите денови и недели. Теророт со бомби може да го погоди секого – шиити или сунити, цивили или функционери. Стотици луѓе веќе се убиени.

Конфронтација наместо поделба на власта

Irak Gewalt Beerdigung in Bagdad

Погреб на убиени Шиити

Причините за новиот бран на насилство и обновената нестабилност во земјата не треба првенствено да се бараат во повлекувањето на Американците, смета експертот за Ирак Гинтер Јеце. Причината е „конфронтирачката политика“ на премиерот Нури ал-Малики.

Малики е шиит, како и околу 60 проценти од Ирачаните. Уделот на арапските сунити е околу 20 проценти. Кон тоа треба да се придодадат и курдските и туркменистанските сунити. Под диктаторот Садам Хусеин сунитите господареа со земјата.

По изборите во 2010-та година етничките и религиозните групи се согласија да ја делат моќта со договорот од Ербил. Но, Малики очигледно од почеток имал поинаков план. Формално, навистина има заедничка влада.

Irak Ministerpräsident Nuri al-Maliki

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики

„Сунитските претставници систематски беа обезвластувани“, вели Гинтер Јеце.

Малики, на пример, не назначи министер за одбрана. Местото всушност требаше да им биде доделено на сунитите. Во исто време тој ги окупираше централните места со свои партиски луѓе или ги преземаше самиот тој.

„Целта на Малики е да спроведе автократија. Тој е мал деспот“, вели Кадхим Хабеб, Ирачанец кој живее во егзил во Берлин.

Налог за затворање против заменик-претседателот

Најновиот пример за жедта за власт на Малики е налогот за затворање против заменик-претседателот Тарик ал-Хашими. Познатиот сунит наводно нарачувал и финансирал бомбашки напади. Хашими ги отфрли обвинувањата на доминантното со Шиити министерство за внатрешни работи. Тој одлета во автономниот курдски регион на северот од земјата и избегна апсење.

Haftbefehl gegen Tarik al-Haschimi Vizepräsident Irak

Ирачкиот заменик-претседател Тарик ал-Хашеми

Експертот за Ирак Јеце не сака да исклучи дека обвинувањата против Хашими се дадени со право. Минатите години речиси сите ирачки политичари ја користеа „власта како инструмент“. Тоа се однесува и на Малики. Обвинувањата беа „можност да се отстрани еден познат сунитски политичар“.

До сега Курдите одбиваа Хашими да продолжи да ја води централната влада. Ако се гарантира сигурен и фер процес, според претставник на курдскиот претседател, Хашеми доброволно ќе се врати во главниот град Багдад. Курдите не сакаат да бидат вовлечени во конфликтот меѓу сунитите и шиитите.

Страв од поделба на земјата

Во меѓувреме, целиот сунитски „Иракија блок“, кој му припаѓа на Хашими, се повлече од централната влада и од ирачкиот парламент.

„Процесот што требаше да ја донесе демократијата во Ирак де факто се претвори во владеење на една партија и една личност“, вели високиот сунитски политичар Салек ал-Мутлак.

Symbolbild Irak mit den vier Teilen Kurden, Sunniten, Schiiten und Bagdad

Населени места со ирачките етнички заедници

„Колку подолго остане Малики на власт, толку е повисока веројатноста за поделба на Ирак“, оцени Мутлак. Малики не треба да ја напушти службата, затоа што тоа може да доведе до насилно востание меѓу ирачките граѓани.

„Веројатноста е голема провинцијата со сунитско мнозинство да побара да стане автономна“, вели германскиот експерт за Ирак, Јеце. Ирачанецот во егзил Кадхим Хабеб оди уште подалеку: „Тоа би можело да доведе до граѓанска војна“.

Мала надеж за нова политика

Кадхим Хабеб сеуште редовно патува кон Ирак. Во времето на Садам Хусеин, професорот по економија беше испратен во затвор. „Главниот проблем на земјата е распределбата на моќта врз основа на религиозното и етничкото потекло“, вели Хабеб.

Врз основа на ова и понатаму секогаш ќе има насилство и смрт. Желбата на Хабебе е да се формираат меѓуконфесионални партии кои ќе се однесуваат врз основа на ирачкиот идентитет.

People inspect the scene of a bomb attack on Shiite pilgrims, killing and wounding scores of people, police said, near the southern port city of Basra, Iraq's second-largest city, 550 kilometers (340 miles) southeast of Baghdad, Iraq, Saturday, Jan. 14, 2012. It was the latest in a series of attacks during Shiite religious commemorations that threaten to further increase sectarian tensions just weeks after the U.S. withdrawal. (Foto:Nabil al-Jurani/AP/dapd)

Саудиска Арабија и Иран ги поттикнуваат конфликтите во Ирак

Но, реалноста во Ирак е сосема поинаква. Конфликтот меѓу етничките групи очигледно трае предолго и се чини дека раните од минатите години се премногу длабоки. Нови избори, што предлагаат Хабебе и Јеце како излез од кризата, не се многу веројатни, бидејќи премиерот Нури ал-Малики веројатно нема доброволно да се согласи за нив.

Помош од надвор?

Само притисокот од надвор може да му го промени мислењето. Но, веројатноста САД да влијаат на Малики стана помала.

„САД повеќе не се главната сила во Ирак. А, Иран е посилен“, вели Кадхим Хабеб.

Ирачките соседи Иран и Саудиска Арабија имаат мал интерес за стабилна и независна земја. Двете земји сакаат да го зачуваат влијанието врз Ирак. Така што ги поддржуваат страните во конфликтот – Иран шиитите, а Саудиска Арабија сунитите. Барем индиректно, тие исто така го подржуваат и екстремизмот. Жртвите се невини мажи, жени и деца. Луѓе, како шиитските аџии од Басра.

Автор: Нилс Науман / Александар Методијев

Редактор: Ж.Ацеска