1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак - конференција

Генералниоот секретар на ОН Бан Ки Мун ја повика меѓународната заедница да и‘ пружи поддршка на обновата на Ирак. На донаторската конференција за Ирак во Њујорк Бан Ки Мун порача дека на земјата и‘ е потребна поддршка за да може да ги развие сите стопански потенцијали. Предвидено е собирање помош за владата во Багдад и тоа на финансиски, политички и технички план за перидот до 2012 година. За возврат ирачката влада треба да ги засили сопствените сили за безбедност. На конференцијата зад затворени врати учествуваа претставници на 90 држави и финансиски институции.