1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак – Конференција

Во египетското летувалиште, Шарм ел Шеик, денеска почнува меѓународната конференција на министри за надворешни работи околу ситуацијата во Ирак. Претставниците на над 30 земји од светот во наредните два дена ќе разговараат пред се околу борбата против тероризмот и финансиската помош за земјата. На конференцијата, меѓу другите, учествуваат и американската министерка Кондолиза Рајс, иранскиот министер Манушер Мотаки, шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнамер, и македонскиот министер, Антонио Милошоски. На конференцијата би требало да биде потпишан договор со кој владата во Багдад ќе се обврзе на реформ. За возврат, според американските планови, земјата би требало да добие помош во економски проекти и во создавањето работни места. На конференцијата нема да се дискутира околу теркминот за повлекување на американските трупи од Ирак. Владата во Багдад, според еден нејзин портпарол, не сака ова прашање да биде воопшто споменато во завршната декларација од конференцијата.