1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак – Конференција

Во египетското летувалиште Шарм ел Шеик продолжува меѓународната конференција за Ирак на која високи дипломатски преставници од 50 земји разговараат околу начините за ставање крај на насилствата во Ирак. Договорени се првите мерки за стабилизирање на земјата во кои спаѓа и петгодишниот план донесен во 2006 година кој предвидува зајакнување на безбедносните сили и зголемување на економската помош. Според шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, клуч за стабилноста на Ирак е националното помирување.