1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак – извештај

*

Според независен извештај на американскиот конгрес ирачкото Министерство за внатрешни работи е неспособно за работа. Во него владеат поделби по религиозна основа и корупција. Затоа полицијата што е под негова контрола е неефикасна и треба да биде распуштена, се вели во извештајот што го изготви комисијата под водство на пензионираниот генерал на американската армија и поранешен главен командант на НАТО Џејмс Џоунс. Пентагон ги отфрли ваквите обвинувања на независната комисија, порачувајќи дека има напнатости во националната полиција на Ирак, но не е неопходно таа да биде распуштена.