1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак – заложници

Во ирачкиот главен град Багдад, вооружени лица киднапираа петмина британски државјани. Премиерот Тони Блер изјави дека ќе биде направено се да им се помогне на грабнатите лица. Претставници на британската амбасада во Багдад во моментов се во контакт со ирачките власти во обид да се реши кризата. Во првите извештаи на арапските медиуми се тврдеше дека биле грабнати тројца Германци, но тие вести не се потврдија, соопшти министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер. Тој го осуди грабнувањето во Багдад.