1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ирак вратен во меѓународното семејство

По повеќе од две години тешки несогласувања по повод војната во Ирак, меѓународната заедница покажа единство во желбата да помогне во обновата на земјата. Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс вчера во Брисел изјави дека станува забор за обновено меѓународно партнерство со Багдад. Нејзиниот германски колега Јошка Фишер го подвлече заедничкиот интерес на учесниците за стабилизац

Себари и Солана на конференцијата за Ирак во Брисел

Себари и Солана на конференцијата за Ирак во Брисел

�ја на Ирак, без оглед кој бил за, а кој против војната.

Меѓународната заедница повторно го прими Ирак во своето семејство. Тоа е пораката што произлезе од конференцијата за Ирак, соопшти претседавачаот на Европската унија, министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн. 85 држави и меѓународни организации на преодната ирачкка влада и ветија помош во политичката и економската обнова на земјата. Американската министерка Кондолиза Рајс побара од сите да ги исполнат своите обврски, додека ирачката влада мора да направи повеќе за подобрување на безбедносната ситуација. Тероризмот може да биде совладан, изјави Рајс:

„Би сакала да ја охрабрам секоја земја што на оваа конференција зборуваше за обврски, сега вистина нешто да направи. Ирачаните презедоа голем ризик за да постигнат демократија и слобода. Ние тоа треба да сесрдно да го поддржиме„.

Во завршното соопштение од Ирак се бара сите политички групи кои одбиваат насилство да учествуваат во подготовките на уставот. Пред се се мисли на сунитското малцинство кое во јанураи ги бојкотираше изборите. Уставот треба да ја обезбеди основата за новите избори во декември. Кога ќе бидат повлечени 130-те илјади американски војници не беше одговорено. Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Себари смета дека е можно првите единици да бидат повлечени во почетокот на идната година. Тој на конференцијата побара помош:

„Потребно ни е вашето внимание и поддршка. Сигурни сме дека на крајот ќе постигнеме успех. Воопшто не се сомневаме дека заедно со светот работиме за праведно дело„.

Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер укажа дека германски експерти веќе со месеци обучуваат Ирачани надвор од земјата. За Фишер оваа конференција е симбол за тоа дека се надминати трансатлантските несогласувањња околу војната во Ирак:

„Мислам дека сите имаат интерес за демократска стабилизација. Зашто, без оглед дали бевме за или против војната, заеднички би го платиле неуспехот, а тоа не смее да се случи„.

Од бриселската конференција е побарано од сите соседи на Ирак да не дозволуваат преминување на нивните граници од страна на терористи или бунтовници.

Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан му се обрати на ирачкиот народ:

„Се надевам дека ирачкиот народ кој толку долго страдаше, ќе биде охрабрен од оваа порака. Можеби сега предизвиците што се пред нив, ќе им бидат поподносливи„.

На Ирак му е ветено ослободување од голем дел од долговите, но за финансиските прашања ќе се одржи посебна донаторска конференција во јули во Аман.