1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак - војна - демонстрации

Непосредно спроти четвртата годишнина од воениот напад против Ирак, во Соединетите Американски Држави и Европа стотици илјади луѓе протестираа против војната во оваа земја. Во Вашингтон најмалку 20 илјади луѓе учествуваа на протестната поворка пред американското министерство за одбрана. Во Европа најголемите демонстрации беа одржани во Мадрид, а протестни собири имаше и во Истанбул, Копенхаген, Прага, Атина и Никозија. Голема манифестација е најавена за денеска во Њујорк.