1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак – бесење - Рамадан

Точно четири години по почетокот на војната, денеска е обесен поранешниот потпретседател на земјата, Таха Јасин Рамадан. Според владини претставници во Багдад, Рамадан е обесен рано изутрината. Тој, исто како и екс-диктаторот садам Хусеин, беше осуден на смрт поради масакрот врз 148 Шиити на почетокот на 80-тите години. Рамадан, според сопствената желба, ќе биде погребан во родното село кај Тикрит, покрај Садам Хусеин.