1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ирак бележи напредок, но потребна му е и помош

500 делегати од околу 100 држави учествуваат на конференцијата за Ирак, чиј домаќин е Шведска. Не станува збор за донаторска конференција, ниту ќе има отпишување на долговите.

default

Од конференцијата во Стокхолм: ирачкиот премиер ал Малики, шведскиот премиер Рајнфелт и Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс апелира до меѓународната заедница да се отвори спрема Ирак и да му укаже повеќе помош. Како пример Рајс ги наведе земјоделството и изградбата на станови. Безбедносната состојба, според неа, е подобрена и таквите задршки веќе не требало да играат неккава улога. Истовремено Рајс ги придуши надежите на исто така во Стокхолм присутниот ирачки премиер Нури ал Малики за натамошно отпишување на долговите на Ирак, кои се проценуваат на 150 милијарди долари. „Ова не е донаторска конференција. На Ирачаните не им треба голема сума пари, туку техничка подршка, подршка кај разни проекти и во изградбата на функционален полициски апарат и правен систем“, рече американскиот државен секретар. Рајс уште нагласи дека трајна стабилност не може да дојде ни од САД, ниту од коалицијата, туку од самите Ирачани и нив ги пофали дека направиле голем напредок.

И генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го истакна „видливиот напредок“ кај напорите за мир, стабилност и демократија во Ирак. Бан ја нагласи и определеноста за поцврсто владеење на правото, напори со кои Ирак се оддалечи од бездната, од која, како што рече, „најмногу се плашевме“.

►◄