1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак – бегалци

Високиот комесар за бегалци на ОН Антонио Гутереш побара поголема меѓународна помош за околу четири милиони протерани лица во Ирак. Речиси половината од нив се внатрешни бегалци, порача Гутереш на почетокот на една конференција за Ирак во Женева. Секој месец бројот бегалци се зголемува за најмалку 50.000 лица. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун апелираше до соседните земји на Ирак да ги остават отворени границите за бегалците кои се обидуваат да избегаат од бранот насилство.