1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирак – амерички сили

*

Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Себари предупреди од предвремено повлекување на американските сили од неговата земја. Доколку тоа се случи, Ирак буквално ќе се распадне, порача Себари за новинската агенција Ројтерс. Освен тоа земјата ќе стане уште побезбедно скривалиште за припадници на терористичката организација Ал Каеда, како што беше Авганистан за време на владеењето на Талибанците. Ваквите оценки тој им ги пренел и на високи претставници на американската влада и на Конгресот.