1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Инцидент при транспорт на телата на македонските граѓани во Авганистан?

Официјална потврда за смртта на четворица македонски граѓани во Авганистан сеуште нема, а светските агенции денеска веќе лиферуваат вести дека при транспортот на нивните тела се случил инцидент во кој загинале деветмина полицајци.

Американски војници во Кандахар,Авганистан

Американски војници во Кандахар,Авганистан

Возило од конвојот со кој биле транспортирани телата на македонските граѓани налетало на мина и притоа загинале девет полицајци, изјави гувернерот на провинцијата Кандахар, Асадула Халид. Повредени се тројца полицајци. Халид вчера соопшти дека телата на четворицата вработени на фирмата Еколог, киднапирани минатата сабота од страна на Талибанците, биле пронајдени во долина во близина границата на провинциите Кандахар и Хелманд. Фирмата Еколог, која има седиште во Диселдорф, вчера соопшти дека информациите за смртта на макеоднските граѓани сеуште се проверува. Претставник на фирмата изјави дека сеуште не може сто процентно да се потврди дека мртвите биле работници на фирмата.

Портпарол на филијалата на “Еколог“ во Тетово, Вулан Треси, изјави дека ја имаат информацијата за судбината на киднапираните во Авганистан, но дека чекаат официјална потврда од централата на фирмата во Диселдорф.