1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Инцидентот треба итно да се расчисти

Во скандалот по објавените фотографии на весникот “Билд” на кои се прикажани војници на германскиот Бундевер во Авганистан како сквернават посмртни останки на жртви, германската армија идентификуваше шестмина можни учесници. Четворица од нив веќе не се во армијата, а другите двајца ќе мора да сметаат на последици, рече министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг. Скандалот кој може да му нанесе сериозна штет

Веста за инцидентот објавен на првата страница на “Билд“

Веста за инцидентот објавен на првата страница на “Билд“

а на угледот на Германија предизвика многу реакции.

Германската канцеларка Ангела Меркел побара расчистување на инцидентот. Следеше остра осуда:“Сојузната влада ќе го испита случајот и со сета жестина ќе реагира против војниците кои биле дел од тоа. Таков однос со ништо не може да се оправда”, реагираше Меркел.

Жестоки критики упати и генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер, но предупреди од паушални оценки против мировните сили во Авганистан: “Се разбира дека тоа не е репрезентативно. Ниту за Бундесверот, ниту за НАТО. За среќа станува збор за исклучок, но како што рече и канцеларката и јас ќе повторам тоа е неприфатливо”.

Надлежниот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг не остава ни малку простор за сомнеж во неговата решеност да ја расчисти аферата:

”Ваквото однесување е во дијаметрална спротивност со она што им го даваме на нашите војници при обуката и образованието. Сликите, според мене, будат згрозување. Истрагата се одвива со најбрзо можно темпо и доколку дојдеме до конкретни резултати, секако дека тие војници ќе бидат строго казнети.”

Осомничените војници веќе се испитуваат, соопшти министерството за одбрана во Берлин. Остра реакција и од политичарите во Берлин. Шефот на опозиционата партија на Либералите, Гидо Вестервеле предупреди сега да не се става целиот Бундесвер под сомнеж. А шефот на социјалдемократската група во парламентрниот одбор за одбранбено политички прашања, Рајнер Арнолд порача:

”Јасно е дека овде станува збор за потфрлање на локалниот раководен кадар. Во принцип армијата и целото германско општество е многу гордо на тоа што нашите војници постапуваат многу внимателно со чувствителноста на локалното население при сите мисии во странство. Тоа е голема предност и квалитет на Бундесверот.”

Шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер смета дека со објавувањето на фотографиите во весникот ”Билд” е оштетен угледот на германската армија и на целата земја. Снимките се и навреда за илјадниците германски војници кои под најтешки услови во странство и‘ служат на татковината.