1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Инцидентите- сенка врз изборите

Меѓународната заедница подготвува извештај за изборите во Македонија, но оценката веќе се насетува. Земјата не го положи испитот по демократија, инцидентите фрлија голема сенка на изборите, кои се услов за пат кон ЕУ

default

Потфрлување на важниот тест за членство во ЕУ

Меѓународните набљудувачи ОБСЕ и ОДИХР ќе се огласат попладне, во првичните изјави странските дипломати изразија разочараност од тензичната изборна атмосфера. Амбасадорот на евроспаката унија Ерван Фуере, рече дека изборите можат сериозно да ја закочат Македонија на патот кон евроинтеграциите.

„Секако, многу добро сме информирани за сите инциденти коишто се случија и навистина сметаме дека ова е спротивно со сите стандарди кои треба да постојат во едно демократско општество“, изјави европретставникот Фуере. Тој побара виновниците за изборните насилства веднаш да бидат изведени пред лицето на правдата.

Што регистрираа набљудувачите

Повеќе од 230 набљудувачи на ОДИХР ги следеа изборите. Оценката ќе ја дадат денеска а контурите на извештајот веќе се наѕираат.

„Се разбира дека сме загрижени поради инцидентите“, рече амбасадорот Кристијан Штогард, набљудувач на ОДИХР.

Институциите да обезбедат владеење на правото, побара американската амбасадорка во Скопје, Џилиен Миловановиќ во осудата на изборното насилство.

„За жал, имаше значаен број инциденти, во кои имало насилство, закани, полнење на гласачки кутии, како и кражба на гласачки кутии. Бевме загрижени дека може да се случат вакви дејства и разочарани сме што тоа се случи“, рече амбасадорката на САД во Македонија.

Македонија има многу пријатели

Крис Хеншоу од Националниот демократски институт вели дека меѓународната зеедница е многу посветена на македонската иднина бидејќи голем број земји сакаат да ја видат Македонија во НАТО и во ЕУ.

Parlamentswahlen in Mazedonien

И изборната кампања навестуваше нереди

„За многу краток период амбасадорите патуваа од едниот на другиот крај на земјата за да присуствуваат на состаноците и да зборуваат за тоа колку е важен денот на изборите. Македонија има многу пријатели. Многу луѓе се посветени на иднината на оваа земја, сакаат да ја видат земјава во НАТО и ЕУ“, вели Хеншоу.

На изборниот ден исполнет со насилство, му претходеше тензична кампања. Апелите за мирни и демкратски избори на меѓународните претставници не стивнуваа. Партиските лидери ги осудија инцидентите, но не успеја да ги стават под контрола партиските активисти кои ги предизвикаа нередите.