1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Информаторот на Викиликс нуди делумно признание

Три месеци пред почетокот на судскиот процес пред воен суд, осомничениот информатор на Викиликс, војникот Бредли Менинг понудил делумно признание.

Адвокатот на американскиот војник Бредли Менинг на својот блог напиша дека неговиот клиент сака да преземе одговорност за дел од делата кои не се толку тешки, во замена за намалување на казната. Судскиот процес против Менинг треба да почне на 4 февруари, во воената база Форт Мид, во американската сојузна држава Мериленд. Нему му се заканува доживотен затвор. 24-годишникот е обвинет за издавање државна тајна, како и за прекршување на компјутерските закони и законите за шпионажа, а му се префрла и „поддршка на непријателот“. Менинг не сака да признае вина по овие обвиненија.

Тој беше притворен во мај 2010. година. Бредли Менинг е обвинет дека додека бил стациониран во Ирак ја снабдил интернет платформата Викиликс со околу 700.000 документи, од кои поголемиот дел тајни.