1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Инфлацијата најголема опасност

Во земјите на централна и источна Европа, како и во екс-советските републики, постојат ризици за пораст на инфалцијата.

default

Развојот може да го загрози висок степен на инфлацијата

Економскиот растеж во источна Европа продолжува. Земјите од централна Азија, односно екс-советските републики, од Балканот и во централна Европа со години одржуваат високи стапки на растеж. Во просек регионот бележи пораст во последните години од добри 7 проценти.

И во оваа година тој ќе биде околу таа бројка, верува ЕБРД и за регионот предвидува пораст од 6 проценти што покажува дека тој е малку засегнат од кредитната криза и економската слабост во одделни западни земји. Ерик Берглоф од оваа банка вели: „Забележуваме забавување, но само умерено. Повеќе се засегнати земјите од централна, источна и југоисточна Европа, помалку екс-советските републики. Можеме да дискутираме кои се причините, но засега тоа е оценката.“

Најголемата опасност доаѓа од дома

Банките во овие реформски држави не се директно погодени од кредитната криза: нивните банки по правило беа ангажирани со брзиот развој во домашните финансии и не стигнаа да се вмешаат во американскиот пазар со хипотеки. Најголемата опасност во моментов е од домашен карактер: бумот се троши во побрзото зглемување на цените.

Во сите овие држави се врати инфлацијата со двоцифрени стапки, како во балтичките држави или во екс-советските држави како Украина или на Кавказ. Можноста спиралата цени да излезе од контрола е најголемата грижа во многу главни градови на Исток, а беше и главна тема на собирот во Киев. Ерик Берглоф проценува:

„Она што не ангажира во моментов е инфлацијата. Таа расте во скоро сите овие држави. Причините делумно се од минлив карактер: цените на храната и енергијата. Се надеваме дека цените на храната нема перманентно да растат, а дека оние на енергијата ќе се стабилизираат.“

30 проценти инфлација во Украина

Посебно погодена е земјата домаќин – Украина. Со контрола на цените и ограничување на извозот на земјоделски производи, земјата се обиде да го спречи бумот на цените пред се на храната, но досега без успех. Така, украинската стапка на инфалција сега изнесува 30 проценти. Цените веќе во првите три месеци од годинава го достигнаа нивото што владата во Киев го предвиде за крајот на годината.

Претседателот на ЕБРД Жан Лимиер битката против инфалцијата ја прогласи за заповед на моментот:„Ние знаеме колку е важно да внимаваме на тоа, не само од економски, туку ид од социјални причини. Ако не се внимава, без оглед кои се причините, можат да бидат поткопани реформските напори.“

Миров наследник на Лимиер

Лимиер во јули го напушта раководното место во банката на која и припаѓаат 63 држави, меѓу нив и Германија, банка која меѓу Балтикот, преку Полска, до Таџикистан секоја година инвестира повеќе милијарди, главно во проекти од инфраструктурата. Нов шеф на ЕБРД ќе биде германскиот државени секретар за финансии Томас Миров. Членот на СПД на тој начин оди по стапките на германскиот претседател Хорст Келер кој пред да стане шеф на Меѓународниот монетарен фонд, беше на чело на ЕБРД.